Турција и Русија заедно ќе го надгледуваат примирјето во Нагорно Карабах
Foto

Турција и Русија заедно ќе го надгледуваат примирјето во Нагорно Карабах

Турција и Русија ги завршија техничките преговори и потпишаа меморандум за основање на заеднички центар за надзор на спроведувањето на примирјето во Карабах, јави агенцијата Анадолија.

Министерството преку твитер објави дека во тек се активности за што побрзо ставање во функција на центарот и потсетува дека на 11 ноември, преку видеоконференција, е потпишан меморандум за разбирање од страна на министрите за одбрана на Турција и Русија, Хулуси Акар и Сергеј Шојгу.

Во судирите во Нагорно Карабах што почнаа на 27 септември помеѓу ерменските и азербејџанските сили загинаа најмалку илјада луѓе. Досега беа потпишани четири договори за прекин на огнот, од кои најновиот беше постигнат на 10 ноември.

0 Коментари

Остави коментари