Немаат соодветни простории и службени мејлови. Не се доволно поврзани различните инспекторати и институции поради што недостасува координирана акција.
Тоа се слабостите што ги покажала анализата во која биле вклучени сите инспекторати и наскоро ќе се најде пред владата. Трудовите инспектори од истокот што денеска одржаа состанок со вицепемиерот Љупчо Николовски и директорката на државниот инспекторат за труд се пожалија дека им недостигаат луѓе, посебно откако овој инспекторат доби зголемени надлежности поврзани со ковид пандемијата.
Во месеците ноември и декември трудовите инспектори извршиле околу 2500 контроли, а во педесетитина случаи напишале и казни. Во овие два месеца не се регистрирани кршења на здравствените протоколи, но дефинирани се најкритините гранки каде има најголеми кршења на работничките права.
0 Коментари