Трудовиот инспекторат советува: Ако газдата ви го бара назад К15 - пријавете во МВР
Foto

Трудовиот инспекторат советува: Ако газдата ви го бара назад К15 - пријавете во МВР

До крајот на годинава, работодавците имаат обврска да исплатат регрес за годишен одмор, односно К-15.  Државниот пазарен инспекторат е задолжен да проверува дали сите компании ќе го сторат тоа, или некои ќе се обидат да го избегнат, често и преку исплата на регресот за годишен одмор, а потоа барање работниците да ги вратат назад парите.

Како се наближува крајот на годината претставките од вработените се се почести, иако се очекува дека „пикот“, односно најголемиот број дојави на адреса на инспекторатот ќе стигнат на почетокот на идната година, од оние вработени кои не го добиле регресот. 

Завчера Сојузот на синдикатите излезе со сооштение со кое повикува работодавачите од приватниот сектор да испалат К-15. 

„За неодговорните работодавачи кои не исплаќаат регрес за годишен одмор или бараат од работниците да ги вратат исплатените средства по овој основ, кривичниот закон предвидува затворската казна до 1 година“ - наведува Сојузот на синдикатите во соопштението.

0 Коментари

Остави коментари