Тројца кандидати во битката за тронот на СДСМ
Foto

Тројца кандидати во битката за тронот на СДСМ

Четворица кандидати за едно место на тронот на владејачката СДСМ. Откако денеска во 16 часот истече рокот за поднесување на кандидатурите јасно е дека наследник на актуелниот претседател Зоран Заев ќе се бара помеѓу имињата на Фросина Ременски, Димитар Ковачевски, Јован Деспотовски и Властимир Алексовски. 

За некои изненадување за некои вистинска работа беше потегот на универзитетската професорка Фросина Ташевска Ременски кој прва ја поднесе кандидатурата за претседател. Таа е поранешната потпретседателка на СДСМ и поранешна техничка министерка за труд и социјала. Беше и пратеничка во претходниот парламентарен состав. 

Димитар Ковачевски пак е заменик-министер за финансии и фаворит на актуелниот лидер Заев. Тоа стана јасно кога тој посредно го промовираше Ковачевски како свој наследник на средбите што ги имаа Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Долго време е член на СДСМ но досега не се експонираше многу во јавноста. Неговата програма „Заедно, одговорно и посветено“ ја базирал на три столба: социјал-демократска визија, економски раст, и фер шанса за најдобрите. 

Директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, Јован Деспотовски веќе 25 години е дел од Социјалдемократскиот сојуз. Во неколку наврати беше дел од највисоките партиски тела а со „Концептот 28“ што го приложил во склоп на неговата кандидатура вели дека ќе покаже дека и партијата но и државата можат да се обединат околу заедничка цел а тоа е благосостојбата на луѓето. 

А откако прв пат во јавноста на ТВ 24 проговори за внатрепартиските состојби и не ја исклучи можноста да се кандидира за иден лидер на СДСМ, поранешниот организациски секретар на партијата, Миле Зечевиќ се премисли. Тој денеска во пишана изјава за нашата телевизија вели дека по направени долги и темелни консултации со другарите и пријателите од партијата, а воден од одговорноста на моментот, решил да не се кандидира за претседател на партијата. 

„Но, ова воопшто не значи дека ќе останам на страна во клучните процеси што ни претстојат, во капацитет и својство каде што можам најмногу да го дадам својот придонес за државните и за партиските приоритети во периодот што следува. Во момент на круцијални случувања во којшто се наоѓа владата предводена од СДСМ заедно со одговорните партнери внатре во неа, како и потребата за обединување и консолидирање на состојбите во самата партија, нам ни треба државнички и одоговрен пристап. Ова е мојот придонес кон тоа.“ - изјави Миле Зечевиќ СДСМ.

За нов лидер на владејачката партија се кандидираше и професорот за физичка култура од Куманово, Властимир Алексовски. Тој смета дека ситуацијата во партијата не е добра па затоа нуди решенија со програмата под слоганот„Искрено, посветено во служба на граѓаните и нашата татковина Република Македонија“. 

За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира секој оној кој има  најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.

Ако има повеќе кандидати, можен е втор круг на внатрепартиските избори. Ако една личност не освои повеќе од половина гласови, тогаш најдобрите двајца ќе одат во втор круг. Тоа го предвидува статутот на партијата.

0 Коментари

Остави коментари