Триото Гризман-Суарез-Меси во Барса почна да дава резултати
Foto

Триото Гризман-Суарез-Меси во Барса почна да дава резултати

Барселона  го победи Еибар со 3:0 во првиот денешен меч од шпанското фудбалско првенство, а за одбележување е што првпат на ист натпревар голови дадоа тројцата напаѓачи на каталонскиот гигант.

Гризман, Меси и Суарез беа стрелци, и тоа е првпат популарното трио ГСМ да погоди на еден натпревар. Еибар на 11 меча против Барселона, нема ниту една победа (10 порази и едно реми).  

Гризман откако е член на Барселона, првпат даде гол надвор од „Камп ноу“, Уругваецот Луис Суарез дојде на два гола од петтото место на вечната листа на стрелци во историјата на Барселона. Засега има 181 погодоци во дресот на Барса. Меси има 672 гола во кариерата, а во последните шест месеци тој дал само три гола на гостувањата и сите три на стадионот „Ипуруа“ во Еибар.

0 Коментари

Остави коментари