Триесетдневен притвор и за Бојан Јовановски
Foto

Триесетдневен притвор и за Бојан Јовановски

Кривичниот суд официјално соопшти дека го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење  организиран криминал и корупција да им се одреди притвор од 30 дена на двете лица осомничени за изнуда на пари, за кои Обвинителството денеска отвори истрага. Судот наведува дека постапувајќи по предлог на Обвинителството, пред судија на претходна постапка при  Основниот кривичен суд денеска беа спроведени двете лица со предлог за определување мерка притвор.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд денеска беа спроведени две лица со предлог за определување мерка притвор.

По прозинесување на спроведените лица и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на обвинителството, судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и донесе решенија со кои на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена со оглед дека смета дека се исполнети условите од член 165 ст.1 точки 1,2 и 3 од ЗКП

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет“ - стои во сооштението на Кривичниот суд.

Претходно 30-дневен притвор беше одреден и за второосомничениот Зоран Милевски и тој веќе, од затворот во Шутка е сместен во притвор.

0 Коментари

Остави коментари