Трета жртва од коронавирусот, почина жената од Дебар која беше на респиратор
Foto

Трета жртва од коронавирусот, почина жената од Дебар која беше на респиратор

Коронавирусот ја зеде третата жртва во Македонија. Почина жената која на 7 март годинава од Дебар беше префрлена Инфективната клиника. Хоспитализиран е и нејзиниот сопруг кој заедно со неа беа дијагностицирани како позитивни на 6 март. Тие на 27 февруари во нашата земја пристигнале од Бреша, Северна Италија.

Иако нивната состојба беше стабилна, кај жената нагло дошло до влошување на здравствена состојба и беше ставена на респиратор. 62 годиншната жена денеска ја загуби битката со вирусот.

 Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица.

0 Коментари

Остави коментари