Трета титула европски шампион за ракометарките на Ѓер
Foto

Трета титула европски шампион за ракометарките на Ѓер

Екипата на Ѓер трет пат по ред ја освои Лигата на шампионите. Унгарскиот тим вечерва во финалето го победи Ростов со 25:24, полувреме 15:11.

Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Едуарда Талеска Аморим со седум и Анита Горбич со шест погодоци беа најефикасни во победничката екипа.

Кај руската екипа се истакна Луис Абинг со седум гола.

Во дуелот за третото место на завршниот „Фајнал фор“ турнир што викендов се играше во Будимпешта, шведски Кристијанштад го победи француски Мец со 31:30. 

0 Коментари

Остави коментари