ТРЕТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ – ТЕНКА ЛИНИЈА ЈА ДЕЛИ ДРЖАВНАТА ПОМОШ ОД ПОПУЛИЗМОТ
Foto

ТРЕТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ – ТЕНКА ЛИНИЈА ЈА ДЕЛИ ДРЖАВНАТА ПОМОШ ОД ПОПУЛИЗМОТ

Во пресрет на крајот на вонредната состојба Владата брои ситно во двојната улога и на извршна и на законодавна власт. На вчерашната претпоследна седница министрите донесоа повеќе уредби со законска сила образложени како економско-здравствени мерки за справување со корона кризата.

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска на прес конференција на која беа промовирани проектите „Купувам домашно“ и „Дома си е дома“, соопшти дека граѓаните кои ќе купуваат домашни производи, при скенирање на сметките за поврат на ДДВ наместо 15 отсто отсега ќе добиваат 20 отсто од сумата. Со ова, вели Ангеловска ќе се поттикнува купување домашни производи во насока на ревитализирање на македонската економија. За странските производи, пак, повратот на данокот се намалува од 15 на 10 отсто.

Тенка е линијата меѓу изборен поткуп и државна помош со платежни картички во пресрет на избори, изјави за ТВ 24 неодамна поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева.

Во обидот да се разграничи каде завршува помошта а каде почнува митото се вклучи и Државната комисија за борба против корупцијата. Комисијата веќе истражува кои компании добија државна помош, а кои не и дали првата владина мерка е злоупотребена. Се преиспитува и уредбата за доделување на финансиска помош на невладините организации во висина од 5 милиони евра.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека економско-здравствените мерки на Владата се објавени транспарентно во соработка со стопанските комори

За време на вонредната состојба Владата донесе три сета мерки со цел полесно справување со последиците од коронавирусот. Фирмите и граѓаните имаат можност да добијат различни видови кредити, гарантирана минимална плата од 14.500 денари но и паричен надоместок за граѓаните кои останаа без работа. Владата го стопираше и извршувањето на долговоите, врќањето на кредитите на банките а помош треба да добијат и уметниците и спортистите. Третиот сет економски мерки што беше промовиран денеска предвидува ваучери за туризам од 6000 денари и платежни картички од 3000 денари за различни категории граѓани.

0 Коментари

Остави коментари