Трет инцидент во Бахреин: Се запали моторот на Серхио Перез
Foto

Трет инцидент во Бахреин: Се запали моторот на Серхио Перез

На три круга пред крајот на трката, трет инцидент на патеката во Бахреин. Не издржа моторот на Серхио Перез, возачот на расинг Поинт. Откако се појави мал чад, веднаш потоа воочливо беше дека болидот гори од задната страна, по што Перез веднаш застана и излезе од болидот, по што веднаш реагираа редарите.

Еден од редарите веднаш истрча на патеката за да му помогне, иако возачите се уште беа на неа, па обезбедувањето помисли дека се работи за гледач, но пота веднаш се утврди дека е еден од редарската служба.

Според правилата, трката ќе заврши во придружба на безбедносното возило.

Foto Foto

0 Коментари

Остави коментари