Трамп засега води во Индијана, Кентаки, Њу Хемпшир и Флорида
Foto

Трамп засега води во Индијана, Кентаки, Њу Хемпшир и Флорида

Почнаа да пристигнуваат и резултатите од претседателските избори во САД, каде се натпреваруваат републиканецот Доналд Трамп и кандидатот на демократите Џо Бајден.

Освен во Индијана, Трамп води и во Кентаки. ПО пребројани 16 отсто од гласачките ливчиња, американскиот претседател води со 54,2 отсто наспроти 44,2 проценти на Џо Бајден. Кентаки има осум електронски гласови. Во Њу Хемпшир Трамп води со 61,5 отсто наспроти 38,5 отсто за Бајден, но по само еден отсто преброени гласови. Државата носи четири електронски гласови.

Трамп води и на Флорида, и тоа по преброени шест проценти од ливчињата со 57,2 наспроти 47 проценти за Бајден. Државата носи 29 гласа. Во Индијана, по преброени седум проценти од гласовите, води Трамп со 63 наспроти 34 отсто за Бајден. Државата носи 11 електроски гласови.

Гласачите не гласаат директно за Трамп или Бајден, туку избираат електори (гласачи), демократи или републиканци, кои во декември формално бираат претседател (Изборен колеџ).

Во 48 од 50 држави важи правилото според кое кандидатот за кого во државата гласале мнозинство од гласачите, автоматски ги добива гласовите на сите електори во таа држава. Само во државите Мејн и Небраска, гласовите на електорите можат да се делат пропорционално меѓу кандидатите во зависност од добиените гласови. Вкупно има 538 електроски гласови, а за место во Белата куќа потребни се 270.

0 Коментари

Остави коментари