Трамп се сели од Њујорк на Флорида, њујорчани го испратија со: „Среќен ти пат“
Foto

Трамп се сели од Њујорк на Флорида, њујорчани го испратија со: „Среќен ти пат“

Американскиот претседателот, Доналд Трамп, роден Њујорчанец, кој целиот свој живот го мина токму во Големото јаболко, а истовремено беше и еден од најистакнатите жители на градот, од денеска станува жител на Палм Бич-Флорида. Барањето за промена на живеалиштето, Трамп и првата дама на САД, Меланија, го поднеле кон крајот на септември, а тој тогаш се изјаснил: Во време на давањето на оваа изјава, јас сум чесен жител на државата Флорида. Негов нов дом ќе биде одморалиштето Мар-а-Лаго, каде што помина точно 99 дена од стапувањето на должноста.

„Њујорк „секогаш ќе има специјално место во моето срце. Го почитувам Њујорк и луѓето од Њујорк и секогаш ќе ги почитувам. Но за жал, и покрај фактот што секоја година плаќам милиони долари во градски, државни и локални даноци, политичките лидери и од градот и од државата многу лошо ме третираат. Малкумина биле полошо третирани.“ - напиша Трамп на Твитер.

Неговата одлука беше широко одобрена од локалните власти на Њујорк, а најчестите коментари, меѓу кои и на гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо се: Среќен ти пат. На Твитер се огласи и актуелниот градоначалник на Њујорк, Бил де Бласио, кој напиша: „Ич не се мисли“. Сепак, дел од наводите во америкаснките весници се дека одлуката на Трамп да го промени жителството е заснована главно на даноците, по што и тој ќе биде еден од многуте мултимилјардери што побарале засолниште во јужната држава.

„Трамп одби да ги објави своите даночни документи, па не е јасно колку пари тој заштедува со овој потег, но Флорида воопшто нема државен данок на доход или данок на имот.“ - пишува Вашингтон пост.

Новинските агенции истовремено потсетуваат и дека не секогаш Њујорк го сакал Трамп, потенцирајќи дека демонстрациите пред „Трамп Тауер“ се чести и претседателот многу пати спорел и влегувал во конфликт со градското и државното раководство. Последниот таков случај беше на почетокот на октомври кога федерален судија од Њујорк го отфрли неговото барање да се блокира пристапот до неговите лични и корпоративни даночни изјави за последните неколку години.

0 Коментари

Остави коментари