Трамп пред ОН: Кина мора да одговара за своите постапки околу пандемијата на ковид-19
Foto

Трамп пред ОН: Кина мора да одговара за своите постапки околу пандемијата на ковид-19

Одговорност од Кина за нејзините постапки за глобалното ширење на Ковид 19, побара од ОН  во својот говор пред Генералното Собрание американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ја обвини кинеската Влада за глобалното ширење на коронавирусот. 

„Во првите денови од вирусот Кина го ограничи домашното патување додека дозволи летови да заминат од земјата и да го заразат светот. Кинеската Влада и Светската Здравствена Организација која е буквално контролирана од Кина лажно објавија дека нема докази за пренос од човек на човек.“ - изјави Трамп 

Кина и СЗО за која претседателот го прекина финансирањето лажно велеле дека луѓето без симптоми не можат да ја пренесат болеста, рече Трамп. Во своето обраќање кинескиот претседател Си Џинпинг рече дека треба да биде отфрлен обидот за политизација на пандемијата и дека на СЗО треба да и биде дадена водечка улога во меѓународниот одговор на вирусот.

„Несоодветен одговор на пандемијата на коронавирусот може да биде закана за цивилизацијата. Светското единство е единствениот начин да се надмине кризата со коронавирусот.“ - изјави Си Џинпинг – претседател на НР Кина.

Експертите сметаат дека говорот на Трамп бил невообичаено критички кон Кина за едно обраќање пред Генералното Собрание на Обединетите Нации.

„Со тоа што ја посочи Кина како одговорна за ширењето на вирусот и со тоа што го нарече вирусот кинески, претседателот сака да добие глобална поддршка да се бара одговорност од Кина“ сметаат експертите. САД се најтешко погодена земја од корона вирусот со повеќе од 200 илјади починати и над 6.9 милиони потврдени инфекции.

Пред Генералното СобраниеТрамп рече дека САД „ќе дистрибуираат вакцина, ќе го победат вирусот, ќе и стават крај на пандемијата и ќе влезат во нова ера на невиден просперитет, соработка и мир.

0 Коментари

Остави коментари