Трамп: Омразата нема место во земјата
Foto

Трамп: Омразата нема место во земјата

Внатрешниот тероризам, кој е секогаш во директна корелација со националистички и расистички ставови, ја зголемува загриженоста во САД, оценуваат екпертите од областа на безбедноста по крвавиот викенд, кога за помалку од 24 часа во два вооружени напада загинаа 30 луѓе.

Уапсениот напаѓач во трговскиот центар „Волмарт“ во Ел Пасо во Тексас, непосредно пред крвавиот масакр во кој има 20 жртви, објавил антимигранстки манифест, а нападот во Дејтон, каде загинаа десетмина, вклучувајќи го и убиецот, е 250 регистриран случај на масовен вооружен напад од почетокот на годинава. И покрај тоа што е цел на сериозна критика од страна на демократите, американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нема место за омразата во земјата.

„Омразата нема место во нашата земја. Тоа треба да престане, а трае со години. Многу сторивме, но најверојатно треба уште да работиме на оваа проблематика. Конкрено за овие напади, сметам дека причина е менталната состојба на напаѓачите. Тие луѓе имаат сериозно ментално заболување.“ - изјави Трамп.

Демократите во САД директно го посочуваат претседателот Трамп за човек кој го поттикнува расизмот во земјата. Сметаат дека републиканскиот претседател е виновен за поратсот на нетолеранција во Америка, која е поттикната, како што посочуваат, токму од Трамповата антимигрантска реторика.

„Токму претседателот промовира расизам и надмоќ на белците.“ - напиа на Твитер, Елизабет Ворен – сенаторка.

Мотивите за масакрот во Дејтон, се уште се истражуваат, додека нападот во Ел Пасо во Тексас е од расистичка нетолеранција, сметаат иследителите. Во овој случај, властите во Мексико ќе поднесат барање за екстрадиција на осомничениот за саботниот масакр, бидејќи шестмина од загинатите се мексикански државјани.

Последниот извештај на Центарот за проучување на омразата и екстремизмот од калифорнискиот државен универзитет, открива дека дури во 30 главни американски градови, злосторствата од омраза пораснале за 9 проценти.

0 Коментари

Остави коментари