Трамп објави фотошопирана фотографија од насловната страница на Грета Тунберг на „Тајм“
Foto

Трамп објави фотошопирана фотографија од насловната страница на Грета Тунберг на „Тајм“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „е смешно“ тоа што „Тајм“ ја избра шведската активистска за климата Грета Тунберг за личност на годината, а потоа нејзината слика од насловната страница на магазинот се појави во неговата кампања со неговата глава.

Претседателовата кампања објави фотошопирана фотографија на Трамп како Тунберг на една од официјалните прифили на Твитер, @TrumpWarRoom.

„Кога станува збор за почитување на ветувањата, постои само една личност на годината“, се наведува во твитот, во кој понатаму се наведува листата на постигнувања на Трамп , вклучувајќи ги и „процутот на економијата“, изградбата на антиимигрантскиот ѕид кон Мексико и трговските договори.

Ова не е прв конфликт меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Грета Тунберг, како ни прв необичен фотошоп од кампањата на Трамп, пренесуваат агенциите.

Младата шведска активистка и американскиот претседател веќе „војуваа“ на Твитер, по страствениот говор на Тунберг во Обединетите нации во септември, во кој тинејџерката ги критикуваше светските лидери заради тоа што не реагираат на климатските промени.

„Изгледа како многу среќно младо девојче кое се радува на светлата прекрасна иднина. Убаво е тоа да се види!“, наведе тој на Твитер, а Грета таа негова порака ја стави на својот профил.

Ова, исто така, е третпат кампањата на претседателот да објавува негова фотошопирана фотографија, со ставање на неговата глава на телата на други личности. Првата беше во ноември кога стана Роки Балбоа, од славниот филм на Силвестер Сталоне, а неодамна се појави и како Танос, негативецот на Марвел од серијата „Авендерс“.

0 Коментари

Остави коментари