Трамп испраќа 1.500 војници на Блискиот Исток
Foto

Трамп испраќа 1.500 војници на Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека ќе испрати 1.500 војници на Блискиот Исток, како мерка на претпазливост.

-Сакаме да бидеме заштитени на Блискиот Исток. Ќе испратиме релативно мал број војници, главно одбранбени, изјави Трамп пред да замине за Јапонија.

Тој рече дека некои многу талентирани луѓе се движат кон Блискиот Исток.

-Ќе видиме што ќе се случи, додаде Трамп.

Новите сили треба да помогнат во зајакнување на американската одбрана во регионот, а трупите вклучуваат и инженери, информираат два неименувани извори за американски медиуми.

Американската армија пред извесно време распореди носач на авиони, бомбардери и ракети Патриот на Блискиот Исток, како одговор на, како што смета Вашингтон, загрижувачките индиции за подготовки на Иран за напад.

Реториката меѓу Техеран и Вашингтон ескалираше во последниве недели, откако САД ги зајакнаа санкциите со цел да го охрабрат Иран да направи отстапки кога станува збор за условите на нуклеарниот договор од 2015 година.

Трамп го предупреди Иран дека ќе се соочи со „голема сила” ако ги нападне американските интереси на Блискиот Исток.

0 Коментари

Остави коментари