Трајанчо Велковиќ денеска почина како странец во земјата во која е роден
Foto

Трајанчо Велковиќ денеска почина како странец во земјата во која е роден

Трајанчо Велковиќ, кој со години водше нелогична и тешка борба за да докаже дека е македонски државјанин и покрај тоа што е роден во Скопје, денеска за жал почина како странец во земјата во која што е роден и го поминал целиот свој живот.

Бидејќи не можеше да се снајде низ правните лавиринти, немаше ниту пак парични средства за да ги подмири сите трошоци за поднесување на документи за државјанство, екипата на Телевизија 24 се обиде да му помогне. Неколку пати апелиравме и дека здравствената состојба на Трјанчо Велковиќ му се влошува, но не можеше да го оствари свеото основно право на здравствена и социјална заштита затоа што имаше лична карта за странции со привремен престој.

Трајанчо Велковиќ додека беше жив беше правно невидлив за оваа држава, така и си замина. Можеби неговиот случај ќе отвори ново поглавје за процесот на добивање државјанство за лицата како него.

0 Коментари

Остави коментари