ТРАЈАЧНО ВЕЛКОВИЌ РОДЕН И ЦЕЛ ЖИВОТ ЖИВЕЕ ВО СКОПЈЕ А НЕМА МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО
Foto

ТРАЈАЧНО ВЕЛКОВИЌ РОДЕН И ЦЕЛ ЖИВОТ ЖИВЕЕ ВО СКОПЈЕ А НЕМА МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО

Човек со големо срце, спремен на секого да му помогне, така зборуваат соседите за шеесет годишниот Трајачно Велковиќ кој е роден во Скопје и живее во наслебата Драчево во куќа на неговите родители, но за државата е странец. Немоќен пред бирократските лавиритни овој човек кој тука го поминал детството и младоста, од 96 година кога му е понитшена личаната карта поради неколку месечен престој во Шумадија, станува туѓинец и невидлив за инситуциите. Велковиќ од тогаш не добил одговор зошто не може да добие македонски документи иако е роден и живее тука.

Соседите вознемирени, како што велат од апсурдноста со која се соочува со години наназад на Трајнчо му помагаат да преживее

 

За случајот на Велковиќ побаравме одговори од министерстватоза правда и минитсерството за внатрешни работи, од Правда рекоа дека тие не се надлежни за добивање на државјаство, што е проблемот во овој случај, чекаме став од МВР. Кога си заминувавме од домот на Трајанчо без сила во гласот не испрати велјќи дека е изморен од битката, сопствентата држава да му даде државјаство, за да не се чувствува како страневц, дома во соптвената земја во која тегобно живее за да преживее. Осамен и исплашен сепак верува дека состојбата во која се наоѓа, а потсетува на романите на Кафка, сепак ќе има логичен крај.

0 Коментари

Остави коментари