Тотенхем подава рака на несаканиот Бејл
Foto

Тотенхем подава рака на несаканиот Бејл

Тотенхем е подготвен да ја подаде раката кон несаканиот во Реал, Герет Бејл и да ја искористи пат ситуацијата со велшкиот репрезентативец, откако ќе го врати во Северен Лондон, пишува „Марка“.

„Белите“ на секаков начин се обидуваат да се разделат со крилото, кој сега има 30 години, но не сака да направи компромис, откако има договор до 2022 година.

Понуди за него исто недостасуваат, но сега шпанското издание тврди дека „петлите“ се подготвени да го вратат за 50-60 милиони евра, што е помалку од она што Реал го сака.

Самиот Бејл ќе мора да прифати значително намалување на неговата плата за повторно да заигра во лондонскиот тим, што исто така ќе претставува сериозен проблем.

Според објавата, од Реал Мадрид ќе продолжат да се обидуваат да го убедат да го прифати трансферот и се надеваат дека ќе размисли повторно, но не е сигурно дека ќе го направи тоа.

Сепак слична опција нема да биде толку лоша за фудбалерот, и доколку може да се сочува од повреди, тој може да ја заживее својата кариера и да му помогне на неговиот поранешен тим да го направи следниот чекор во нивниот развој .

0 Коментари

Остави коментари