Тошевски направи рекорден трансфер во Ростов за милионска плата
Foto

Тошевски направи рекорден трансфер во Ростов за милионска плата

Младинскиот репрезентативец на Македонија до 19 години, Давид Тошевски ќе игра во следните пет години во руски Ростов, откако и формално е завршен трансферот од кој и неговиот довчерашен клуб Работнички добро ќе се офајди.

Тошевски, кој во моментов ја чека визата за да замине во следните денови за Русија потпиша петгодишен договор според кој максимално може да заработи два милиони евра сосе бонусите кои му следуваат ако ја исполни квотата на на настапи, голови, титули, излез во Европа.

Работнички пак, за трансферот заработува 900.000 евра што е рекордна сума за еден македонски фудбалер кој директно од земјава заминува во странство.

Младиот напаѓач за кого сериозен интерес имаше и од француски Лил е вториот голем суперталент од Македонија кој заминува од Работнички, но овојпат бившиот македонски првак добро се офајди за разлика од трансферот на бисерот Елиф Елмас, кој во јули 2017 година замина само со тренинг-компензација од 180.000 евра во турски Фенербахче.

Тошевски ќе биде единствениот македнски фудбалер во Русија во моментов, а во минатото низа македонски репрезентативци беа дел од најголемите клубови како Игор Митрески и Горан Мазнов во Спартак Москва, Величе Шумуликоски во Зенит.

0 Коментари

Остави коментари