Томислав Османли добитник на Рациновото признание
Foto

Томислав Османли добитник на Рациновото признание

Писателот Томислав Османли е годинешниот добитник на Рациновото признание за литература. Тој ја добива оваа награда за својата последна прозна книга „Парадоксикон“, која е вкупно 28-ма во неговата творечка биографија. Жири комисијата на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“ја донела одлуката, откако на конкурсот пристигнале повеќе квалитетни дела од македонски автори.

Наградена книга „Пасадоксикон“ на Османли ја дава својата фантастична визија на тревожната современост, која - како што самиот вели - не престанува каприциозно и парадоксално да нѐ населува. Османли вели дека оваа награда му е посебно драга и вети дека ќе продолжи да ги негува традициите на двете сјајни вертикали – космополитската и вертикалата на македонскиот јазик.

Почесното Рациново признание за афирмација и популаризација на македонската литература и култура надвор од границите на земјава го добиваат Виктор Фридман од Чикаго и финскиот лингвист Јоуко Сакари Линдстет. Градоначалникот на Велес Аце Коцевски вели дека оваа манифестација се уште не го добива вистинското внимание во јавноста.

Меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“ ќе се одржи во петок и сабота во Велес, кога ќе бидат доделени и наградите.

0 Коментари

Остави коментари