Томас Тухел е нов менаџер на Челси
Foto

Томас Тухел е нов менаџер на Челси

Поранешниот стратег на францускиот првак Пари Сен Жермен, Германецот Томас Тухел, синоќа официјално е назначен за нов менаџер на премиерлигашот Челси.

Тухел потпиша договор на 18 месеци, со можност соработката да биде продолжена за уште една година, соопшти клубот од Лондон.

Тухел, кој освои две последователни шампионски титули со екипата на Пари-Сен Жермен пред да биде отпуштен на крајот од декември, доаѓа во Челси само ден по отказот што сопственикот Роман Абрамович му го врачи на тренерот Френк Лампард поради слаби резултати.

– Сакам да му се заблагодарам на Челси за укажаната доверба кон мене и мојот тим. Сите имаме голем респект кон работаta што тука ја вршеше Френк Лампард. Во исто време, нестрплив сум да се запознаам со мојата нова екипа и да се натпреварувам во една од највозбудливите фудбалски лиги. Благодарност што сум дел од семејството на Челси – чувството е неверојатно, истакна Тухел во својата прва изјава по назначувањето за нов тренер на лондонскиот премиерлигаш.

Тухел, кој е прв германски тренер во историјата на Челси, синоќа го водеше тренингот на екипата, пред денешното премиерлигашко деби против Вулверхемптон.

0 Коментари

Остави коментари