Том Коронел и Франко Џиролами освоија „еден-два“ победа за Ауди на третата трка од првенството на ТЦР Европа што се возеше во Франција.

Македонскиот пилот Виктор Давидовски кој стартуваше како десетти, го освои шестото место, со задоцнување од само шест секунди зад побединците, кои на пиедесталот беа придружувани од Феличе Јелмини како третопласиран.

Утре се вози четвртата трка, која согласно пропозициите ќе донесе ротација на првата десетка од квалификациите, па Виктор Давидовски ќе појде од првата позиција. Трката ќе се емитува со директен пренос на Телевизија 24 со почеток во 12 часот и 10 минути.