ТК Прилеп ќе го откупи договорениот тутун од Далија, а вишокот ќе се откупи по 15 февруари
Foto

ТК Прилеп ќе го откупи договорениот тутун од Далија, а вишокот ќе се откупи по 15 февруари

Тутунски комбинат Прилеп ќе ги откупи количините што ги има договорено Далија Табак со своите кооперанти но не ги обезбеди потребната финансиска гаранција да отпочне да откупува.

Ваков договор е постигнат на денешниот состанок министерот за земјоделство Арјанит Хоџа со тутунарите и откупните компании , со цел да се најдат излез од проблемите со кои се соочува ова сезона. Станува збор за околу 440 тони туун за кои Далија имаше склучено договори но не го отпочнаа откупот

Засега нема одговор кога ТК Прилеп ќе го превзеде количините договорени од Далија Табак. Се чека самиот комбинат сам да се организира и да ги превзеде количините за што вчера струмичките тутунопроизвоителите протестираа.

Вишокот од договоренито тутун што беше едно од барањето на тутунарит е- ќе биде откупен, било договорено на денешната средба. Тутунарите ќе мора своите вишок количини да ги пријават во подрачните единици на министерството за земјоделство свотие вишок количини. Според министерот Хоџа откупот на вишокот ќе се случи после 15 февруари

Досега во земјава се откупени околу 40 одсто од произведениот и договорен тутун со компаниите од ланската реколта. Просечната откупна цена во моментов се движи околу 165 денари

Лани просечната откупна цена на тутунот изнесуваше околу 220 денари. Послабата просечна откупна цена сезонава според министерот Хоџа се должи заради послабиот квалитет. Сепак на денешната средба со откупувачите било договорено сиот тутун од ланската реколта да биде откупен.

0 Коментари

Остави коментари