Како знак на поддршка на здравствениот систем и здравствените работници и нивниот придонес во борбата против вирусот COVID-19 , компанијата Tinex денес направи донација во вредност од 100.000денари, за потребите на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Материјалната донација на Tinex се состои од 100 сета постелнини (креветски чаршав и навлаки за перници) и средства за лична хигена како: 153 парчиња средство за дезинфекција на површини (500мл.), 35 парчиња антибактериски гелови за дезинфекција на раце (450мл), 200 парчиња течен сапун за раце (500мл.), 192 парчиња влажни марамчиња пакување 64/1, 288 парчиња бришачи за раце пакување и 84 парчиња тоалетна хартија пакување 24/1.
„Новонастанатата ситуација со ширење на вирусот COVID-19 во нашата земја наметна нови предизвици за сите поединци, компании и институции во државата, но најголемиот притисок беше ставен врз здравствениот систем и здравствените работници.
Тие се оние кои и покрај директната изложеност на вирусот и големиот ризик по своето здравје, континуирано и храбро се борат за лекување на сите граѓани со нарушено здравје и спречување на ширење на вирсот.
Нашата компанија Tinex, како докажана општествено одговорна компанија, секогаш е тука да понуди безрезервна поддршка и помош онаму каде е најпотребно. Во овие тешки моменти, се надеваме дека со нашата донација ќе помогнеме во борбата против вирусот.“ – изјавуваат од Tinex.
Дополнително, од компанијата информираат дека нема да запрат со хуманитарните активности и дека и воиднина ќе продолжат да помагаат на заедницата. Па така, во наредните месеци, еднаш месечно ќе прават донација, согласно потребите и во координација со кризниот штаб при Министерството за здравство.
0 Коментари