Тимот на Јанева разрешен, одбраната на Јанева ќе бара укинување на мерката притвор
Foto

Тимот на Јанева разрешен, одбраната на Јанева ќе бара укинување на мерката притвор

Катица Јанева наместо во „Шутка“ викендов може да го помине дома со најблиските. Бара да излезе од притвор, а како гаранција дека нема да избега, нуди три стана, на најблиските. Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска за ТВ 24 вели дека барањето до Судот за укинување на мерката притвор го темели на лошата психичка состојба на Јанева, но и тоа што таа веќе не е ниту обвинител, и не може да влијае врз сведоци.

Од Судот пак велат дека кога ќе го добијат барањето, ќе побарат мислење од Русковска, по што ќе одлучат дали ќе определат поблаги мерки за екс шефицата на СЈО. Од Обвинителството пак анализираат и очекуваат до петок да се знае која мерка ќе ја побараат за Јанева.

Поранешната шефица на СЈО пак два пати неделно ја посетува психолог во затворот во „Шутка“, а уште кога дошла доставила листа на терапија која ја прима.

Антикорупциска нема отворено предмет за неа, бидејќи случајот го води обвинителството. Јанева пријавила само една промена во анкетниот лист додека беше на чело на СЈО. Купила половно возило.

-Како и за сите други обвинители од СЈО и Катица Јанева најдоцна до 30 дена од разрешувањето или престанокот на мандатот, треба да поднесат анкетен лист за промена на имотната состојба- изјави Ивановска.

Триесетдневниот притвор на Јанева ѝ истекува во петок. Таа е третоосомничена за случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец кои пак добија продолжување на притворот.

Јанева од судот по барање на нејзината колешка Вилма Рисковска беше испратена во „Шутка“ поради можност за влијание на сведоци, постапка и опасност од бегство.

0 Коментари

Остави коментари