Тимот лекари: успешно извршени трансплантации, постоперативниот период се одвива добро
Foto

Тимот лекари: успешно извршени трансплантации, постоперативниот период се одвива добро

Цветко Стрезовски од Брвеница, татко на Иле Стрезовски, лицето на кое му беше извршена трансплантација, изрази голема благодарност до сите што на неговиот син му беше продолжен животот.

Водачот на тимот д-р Сашко Јовев изјави дека постоперативниот период добро се одвива. На прес-конференцијата на која говореа лекарите од тимот за трансплантација, беше речено дека успешно се извршени и трансплантации на бубрезите на два пациента, а дека втората операција била многу сложена.

Д-р Жан Митрев рече дека тој бил во улога на асистент и нагласи дека операцијата минала во најдобар ред.

Д-р Маја Мојсова, национален координатор за трансплантација, му се заблагодари на благородното семејство кое дозволи да се трансплантира се што може по мозочната смрт на нивната најблиска.

 

0 Коментари

Остави коментари