Тиго Фајнанс – две години синоним за достапност и брзина во финтек индустријата
Foto

Тиго Фајнанс – две години синоним за достапност и брзина во финтек индустријата

Тиго Фајнанс одбележува две години од своето работење на македонскиот пазар. За овој релативно краток период, компанијата успеа да постигне значителни резултати и да внесе позитивни промени во целокупниот финансиски сектор, иако припаѓа на индустрија која има скромни 0,44% удел во вкупните средства.

Во досегашното работење, Тиго Фајнанс ја презеде пионерската улога кога станува збор за достапност на услугите на небанкарските финансиски друштва, како и за подигнување на стандардите за брзината и ефикасностa на индустријата, овозможена од дигиталните и технолошки напредни алатки за детална и сеопфатна проценка на кредитоспособноста на лицето кое аплицира. Заложбите на Тиго за обезбедување на врвно корисничко искуство преку понуда на услуги кои ги пресретнуваат потребите за финансиски средства во најпотребните моменти и градење на взаемна доверба со клиентите, го прават Тиго еден од трите водечки „Top of mind“ брендови во финтек индустријата. До денес, Тиго оствари соработка со над 250 добавувачи, реализирајќи плаќања кои достигнуваат и до 70 милиони денари и кои индиректно придонесуваат кон одржливост на нивните приходи и вработување.

Тиго Фајнанс е едно од друштвата основачи и член на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија, чии цели се заштита и едукација за правата на клиентите, како и регулација и развој на финтек индустријата.

0 Коментари

Остави коментари