Тетовската несреќа го отвори прашањето - дали модуларните болници се безбедни?
Foto

Тетовската несреќа го отвори прашањето - дали модуларните болници се безбедни?

Вака изгледа ПУР изолационан панел кога е 30тина секунди изложен на оган. Веднаш до него се гледа ПИР панелот, изложен на оган исто толку време.

Кај ПУР панелот воочлива е неговата мала издржливост на пламен. Во модуларните болници во земјава се вградени ПУР панели. Дали ова е причината што модуларната болница во Тетово, според очевидци, изгоре за три минути? Според доброупатени извори со кои контактиравме, вградувањето на вакви панели било одлука на проектатите од Министерството за здравство.

Дали доколку панелите не биле високозапалливи, можела да се спречи катастрофата во тетовскиот ковид центар. Според инженерот за безбедност Борче Стојчевски, постојат стандарди пропишани со Правилник за заштита од пожари, кои мораат да се почитуваат.

Министерството за здравство вчера не одговори конкретно кој и зошто одлучил да се вградат овие панели и наместо тоа соопшти дека се што е вградено е со сертификат од производител, а процесот на инсталација, со атестирање. Минималните технички барања за материјалите биле по претходна согласност од Светска Банка, која ја финансираше изградбата.

Во синоќешната Анализа, Стојчевски вели дека не само проектантот, туку и надзорниот орган, во слујчајов комисијата за технички прием, во кои задолжени за пожар се експерти од Дирекцијата за заштита и спасување, имала обврска да забележи доколку стандардите за заштита од пожар биле прекршени. Стојчевски ја доведува во прашање и стручноста и моралната свест на дел од проектатните во земјава, кои биле гласни кога се критикувало, но биле први кои барале врски за да добијат државен проект.

Министерот за здравство Венко Филипче на синоќашната прес конференција не сакаше да збворува за деталите за изградбата на модуларните болници, не рече дека се е сертифицирано како што треба, вклучувајќи го и делот на огноотпорност.

По катастрофалниот пожар со 14 жртви што се случи завчера вечер во Kовид-центарот во Тетовската болница, обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска дала наредба денеска Бирото за јавни набавки да ѝ ја достави целокупната документација за јавните набавки за сите 19 изградени модуларни болници во Македонија.

0 Коментари

Остави коментари