Тешки последици од ковид пандемијата за текстилната индустрија
Foto

Тешки последици од ковид пандемијата за текстилната индустрија

Ковид пандемијата и нанесе голем удар и на текстилната индустрија - намалениот извоз на роба резултираше и со затворање на некои компании во земјава.

Директорката на текстилниот кластер, Наташа Сивевска, вели дека иако сега се забележува напредок во оваа индустрија, сепак тоа подобрување се чувствува најмногу само кај одредени производители, додека останатите и натаму го плаќаат данокот од пандемијата. 

Некои производители пак, сметаат дека нашите компании во изминатиот период повторно стануваат конкурентни на пазарот. Според нив, тоа се должи на тоа што доста брендови чиј фокус биле други пазари, сега бараат работна сила токму од Европа.  

Од текстилниот кластер оценија дека и покрај тоа што многу фирми користеле субвенции на државата како поддршка за исплата на плати во текот на пандемијата, сепак состојбата велат  состојбата во модниот програм е се уште критична поради недостаток на налози и ќе треба да се размислува на некои други програми кои би им овозможиле на компаниите да функционираат подобро.

0 Коментари

Остави коментари