Teшка собраќајка на автопатот Тетово - Скопје, загина едно лице
Foto

Teшка собраќајка на автопатот Тетово - Скопје, загина едно лице

Едно лице почина во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје, во близина на село Ласкарци, откако вечерва во 17.53 часот патничко возило „јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од село Чегране, гостиварско, излетало од коловозот.

– На местото на несреќата починал сопатникот Н.З.(53) од село Чегране. Возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се повредени и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, дополнија од МВР.

 

0 Коментари

Остави коментари