Теохарис: Сакаме пријателите од Северна Македонија да бидат безбедни при нивниот престој во Грција
Foto

Теохарис: Сакаме пријателите од Северна Македонија да бидат безбедни при нивниот престој во Грција

На две седмици пред официјалното отворање на копнените граници со нашата земја, министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, од островот Санторини во разговор со дописничката на МИА, испраќа две пораки до, како што вели до „пријателите од Северна Македонија“.

-Две пораки би испратил. Едната, како човек. Да внимаваат, да продолжат да го прават она што им го велат експертите и лекарите за ситуацијата секогаш да биде под контрола и да немаат проблеми со нивното здравје. Другата, како министер за туризам. Дека нашата земја ќе биде во позиција да ги прими, и ние од наша страна ќе вложиме секакви напори за да отвориме и да бидат безбедни и исто како и за секој странец што ќе дојде во нашата земја, така и за пријателите од Северна Македонија, сакаме бидат безбедни кога ќе дојдат и додека престојуваат во нашата земја, вели Теохраис.

Во однос на отворањето на границата со нашата земја, од 1 јули, објаснува дека тие се во постојани консултации со лекарите кои ги советуваат и истакнува дека за Грција, здравјето е број еден.

-Сакаме полека, внимателно да ги отвориме нашите граници, почнавме со Бугарија, бидејќи лекарите ни рекоа дека тоа е најбезбедно во овој момент. Во напорите што ги правиме, секогаш, дури и кога ќе отвориме, докторите ќе нѐ советуваат што да правиме. Здравјето е број еден за нас. Ако нема промени, нашата цел е од 1 јули да ги отвориме и останатите наши копнени граници, објаснува министерот за туризам на Грција во разговорот за МИА од островот Санторини каде што викендов беше и официјално најавен стартот на туристичката сезона во Грција.

0 Коментари

Остави коментари