Тензично во Албанија
Foto

Тензично во Албанија

Албанската полиција уапси 15 лица и почна судски прогон против 50 други лица, откако демонстрантите од опозицијата насилно нападнаа избирачки места низ целата земја во обид да го спречат претстојното гласање. Ова беше објавено од страна на локалната полиција, објавуваат медиумите.

Албанија се соочува со политичка криза откако опозициски политичари масовно започнаа неделни протести против премиерот Еди Рама и одлучија да ги бојкотираат локалните избори на 30 јуни. Оваа недела нивни поддржувачи се судрија со полицијата на повеќе од 20 локации во земјата, каде што се очекува да се одржи гласање. Во северниот дел на Скадар опозициските демонстранти се судрија со полицијата во вторникот вечерта и запалија оган во училиште, кое требаше да служи како избирачко место.

Албанската влада предводена од Еди Рама, и покрај одлуката на претседателот Илир Мета за одложување на изборите, инсистира изборите да се спроведат според првичниот план.

Вчера претседателот Мета им најави на амбасадорите на земјите членки на ЕУ дека ќе ја изнесе војската на улиците доколку изборите не се откажат бидејќи, како што наведе, добил информации од странски служби дека ќе има немири на улиците.

0 Коментари

Остави коментари