ТЕНЗИЧНО НА СУДЕЊЕТО „ТАРГЕТ-ТВРДИНА“, МИЈАЛКОВ КОН СУДИИТЕ: КАЖЕТЕ ДА НЕ СЕ БРАНИМЕ, ДОНЕСЕТЕ ПРЕСУДА И ГОТОВО!
Foto

ТЕНЗИЧНО НА СУДЕЊЕТО „ТАРГЕТ-ТВРДИНА“, МИЈАЛКОВ КОН СУДИИТЕ: КАЖЕТЕ ДА НЕ СЕ БРАНИМЕ, ДОНЕСЕТЕ ПРЕСУДА И ГОТОВО!

Кажете да не се браниме, донесете пресуда и готово! - рече екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Рочиштето за незаконското масовно прислушување во неколку наврати се одвиваше на висок тон и во тензична атмосфера. Поранешниот директор на УБК, во својство на обвинет вкрстено го испрашуваше сведокот Сашо Трајковски. Сведокот изјави дека извештајот го изработил лично тој на службен компјутер подоцна запленет од СЈО, на барање на Горан Грујевски, но дека наведениот датум од 12 месец 2014 година не се совпаѓа со датумот кога тој го има изработено извештајот.

Мијалков реагираше дека сведокот не одговара конкретно на неговите прашања, дека одговорите не му се усогласуваат со оние претходно дадени на записник. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е СЈО. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

0 Коментари

Остави коментари