Температурен пресврт во октомври
Foto

Температурен пресврт во октомври

Период на топло време со температура над просекот за овој период од годината, најавува УХМР. Невообичаено топлото време е резултат на јужното воздушно струење, а ќе биде особено изразено кон средината на претстојнава недела.

Според УХМР, ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер кој доаѓа од Сахара.

Утре во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд, а брзината на ветерот од јужен  правец ќе се засилува и се очекува да достигнува до околу 60 километри на час. Од сабота повторно се очекува воздушното струење да биде од северен правец и температурата ќе опаѓа.

0 Коментари

Остави коментари