Тема на ТВ 24, инфлација: Раст на трошоците на живот за 4,9% август 2021/20
Foto

Тема на ТВ 24, инфлација: Раст на трошоците на живот за 4,9% август 2021/20

И по 130 денари се потребни за кило домати, околу 100 денари за литар масло - растат трошоците за живот - граѓаните едвај врзуваат крај со крај.

Во август годинава споредбено  со истиот месец 2020 година цените зголемени за 5 отсто. Цената на маслото повисока за  27,1 процент, зеленчукот поскап за 16, 4 проценти.  За граѓаните животот е се потежок. Велат мора да се живее скромно за да се истурка месецот. 

„Не се издржува. Се е поскапено, да не речам 100 посто, ама 80 посто е се поскапено.“

„Не се издржува. Но секој премиер што ќе дојде треба платите да ги направи 1 000 евра, и така нема да биде ништо скпао.“

„Многу тешко. Затоа гледаме што е поефтино тоа ќе земаме.“

„Две три пензии, или ако има две три плати, тогаш веќе е друга ситуација.“

Секој понеделник во изминативе месеци постојан раст забележан е и кај цените на горивата. Граѓаните велат денеска - луксуз е да се вози автомобил. 

„Луксузно е ама мора да се вози. Мора да се работи. “

„Мораме да го возиме заради работа.“

Економистите велат ова е инфалција од привремен карактер, очекуваат стабилизација. 

„Макроеконмски гледано не постои посебна причина за загриженост во моментов, бидејќи овие притисоци што сега ги гледаме се од времен карактер, и очекувам дека до крајот на годината, до поетокот на идната ќе се испеглаат. Меѓутоа мора да бидеме истовремено многу претпазливи, затоа што сега имаме она што го викаме нова нормала, постпандемиска економија, каде што можеби овие односи на понуда и побарувачка ќе бидат малку поразлични од претходно и ќе детерминираат поинакво влијание врз цените.“ - изјави Марјан Петрески -универзитетски професор во емисијата 24 анализа.

Според податоците на Сојузот на синдикати, ако во месец август минатата година минималната потрошувачка изнесувала 33 538 денари - оваа година таа пораснала на 34 342 денари. 

Иако според статистиките расте и просечната но и минималната плата, растат и трошоците за живот. За само една година миниламаната потрошувачка кошничка пораснала за 900 денари.ред Народната банка инфалцијата е стабилна,  се движи околу 2,2 проценти. 

 

0 Коментари

Остави коментари