ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР НА РУСКОТО ДУО ОДИ ВО ПРИЛОГ НА РУСКИТЕ ЗАЛОЖБИ ЗА НЕПРИЗНАВАЊЕ НА МПЦ
Foto

ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР НА РУСКОТО ДУО ОДИ ВО ПРИЛОГ НА РУСКИТЕ ЗАЛОЖБИ ЗА НЕПРИЗНАВАЊЕ НА МПЦ

Снимката меѓу руските пранкери Вован и Лексус и премиерот Заев може да го дискредитира процесот на признавање на МПЦ од страна на Цариградската патријаршија во корист на Руската православна црква која има други интереси во регионот но и силен ривалитет со Цариградскиот патријарх Вартоломеј, велат дел од познавачите на црковните односи. Новинарот Бранко Ѓорѓевски вели дека во една ваква констелација каде МПЦ долго време е оспорувана од СПЦ може состојбата да ја врати во првобитните процеси а Московската патријаршија да има алиби со обвинувања за коруптивност да го оспори долгогодишниот процес кој изминатите години се одвивал во добра насока.

Според верскиот аналитичар, Ѓорѓиевски зад обидот на пранкерите кон премиерот Заев вели не е исклучена и можноста за црковна операција под капа на Москва, имајќи во предвид дека во јуни 2018 година, Вселенската патријаршија објави дека го става во процедура прашањето за автокефалноста на МПЦ, процес на признавање кој верските аналитичари го поврзуваат со тој во времето на признавањето на автокефалноста на Украинската православна црква кога вселенскиот патријарх Вартоломеј беше оквалификуван како платен за да ја признае Украинската православна црква.

Според аналитичарите, во моментото афтокефалноста на МПЦ ќе почека – во спротивно би бил скандал на релација МПЦ, ВП и Руската православна црква, и така веројатно снимката ја исполнила својата намена.

Ќе стане ли уште потрнлив патот на МПЦ во тивката војна за нејзина автокефалност откако одекна разговорт на премиерот упатен од Москва во врска со процесот на признавање на МПЦ од Цариградската патријаршија. прашање кое што допрва се отвора во јавноста.

0 Коментари

Остави коментари