Текстилни производи ќе продолжат да се продаваат на зелените пазари, но продавачите ќе мора да имаат лиценци
Foto

Текстилни производи ќе продолжат да се продаваат на зелените пазари, но продавачите ќе мора да имаат лиценци

Продавачаите на текстил, обувки, и други непрехрамени стои и понатаму ќе продолжат да ги продаваат своите производи на зелените пазари, тврди Минитерството за економија. И тие како и останатите тезгаџии, од следната година ќе треба да извадата лиценци за работа. Согласно законот, лиценците ќе ги дава Комората на трговци на Македонија. Од Министерството велат дека Законот предвидува пет категории на лица кои од Нова година ќе можат да држат тезга. Лицата кои и сега продаваат но се водат како невработени ќе треба да се регистрираат во Комората на трговци и да ја легализираат работата со тоа што ќе плаќаат даноци на државата, како и пензиско и здравствено осигурување. Освен нив на пазарите ќе можат да продаваат и тие што се регистрирани за трговија на тезги и пазари, како и регистрираните земјоделци и стопанства во Министерството за земјоделство. На прашањето зошто пензионерите и вработените од Нова година нема да смеат да застанат на тезга, од Министерството за економија велат.

„Законот за работни односи не предвидува дополнителна работа за пензионерите, додека пак за вработените законот предвидува дополнителна работа со ограничено временско траење од 10 часа неделно и тоа со дозвола од работодавачот.“ - велат од Министерството за економија.

Пазарниот инспекторат нема да стартува веднаш со казни за пазарџиите кои нема да имаат лиценца.

„Нека не се плашат сите ониек ои се тезгаџии дека инспекторите веднаш ќе ги казнат. Тука сме да го опоменеме, со аконот е предвидена едукација на самите даночнни обрвзници како субјекти. Кога ќе добиеме соодветни овластувања за да почнеме со казнувања на оние кои нема да се придружуваат согласно законските прописи и нема да постапат по дадената едукација, ќе се однесуваат и покрај опомената, следува казна. Казната да ја сфатат како превенција.“ - вели Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат.

Со остра реакција за новиот закон се огласи и Левица. Го повикаа Министерството за економија да го одложи законот за најмалку една година, зашто според нив, тој е дискриминирачки.

0 Коментари

Остави коментари