Тавилах за МИА: Тешко е да се предвиди кога вакцините од ковакс доаѓаат во Македонија
Foto

Тавилах за МИА: Тешко е да се предвиди кога вакцините од ковакс доаѓаат во Македонија

Д-р Џихан Тавилах, претставничка на Светската здравствена организација во Македонија не знае кога во македонија ќе дојдат вакцините со ковакс механизмот.

Таа вели дека е тешко да се предвиди точниот датум кога вакцините би пристигнале. Испораката на вакцините на државите-учеснички во механизмот би можела да почне за време на првото тримесечие од 2021 година, но дека тоа зависи како од поволните регулаторни одлуки, така и од подготвеноста на здравствениот систем и на националниот регулаторен систем во секоја од поединечните земји.

Според неа, доколку нема проблеми во делот на регулаторните одлуки или во делот на подготвеноста на државата, намерата е првичните дози од вакцината да им бидат испорачани на сите земји-учеснички во ковакс механизмот истовремено или што поблиску до таа цел.

Испораката на вакцини преку ковакс механизмот ќе зависи и од тоа дали ќе се произведат доволно дози на вакцини и дали доволно ќе се инвестира во истражувачката дејност и во капацитетите за производство, набавка и испорака. Тавилах порачува дека колку повеќе луѓе ќе се вакцинираат, толку повеќе циркулацијата на вирусот ќе се намали.

0 Коментари

Остави коментари