Таткото на нападнатиот Филип ги повикува сведоците да не се плашат и да кажат што се случило
Foto

Таткото на нападнатиот Филип ги повикува сведоците да не се плашат и да кажат што се случило

Таткото на повредениот полициски службеник Филип Филиповски со солзи во очите бара законите да важи подеднакво за сите, а сведоците на инцидентот во кој настрада неговиот син, да не се плашат и јавно да ја кажат вистината. Се надева дека институтциите ќе го расветлат случајот и покрај тоа што во инцидентот учествуваа синовите на поранешниот градоначалник на Петровец Звонко Цветковски, кој истовремено е висок функционер во МВР.

„Луѓето се плашат да излезат и директно тоа да го кажат како сведоци, кажуваат дека виделе кога Александар го прободел Филип, го видел еден од обезбедувањето како го фатил за рака и му рекол „Берај!. Информациите се дека има притисоци и прават напори се ова да остане прикриено.“ - вели Гоце Филиповски, татко на поврдениот Филип Филиповски.

Министерот за внатрешни работи уверува дека никој нема можност да влијае врз истрагата, иако таткото на браќата Цветковски, Звонко Цветковски работи во МВР, а беше и кандидат на СДСМ за градоначалник на Петровец на последните локални избори. Браќата Александар и Јордан Цветковски по инцидентот беа приведени, но притвор не им беше одреден, а од јавното обвинителство за ТВ24 велат дека не се исклучува можбноста да во следните неколку дена биде побаран и притвор. Од Обвинителство додаваат дека се рабори на прибирање на докази за расчистување на случајот и дека се чека извештај од МВР. Спасовски вели двајцата браќа се пуштени на слобода. По насока на Јавен обвинител се со цел утврдување на одредени факти и целосно расчистување на случајот.

„Нема кој да влијае на истрагата. Може да биде вработен во МВР и во било која друга институција, но тоа не го ослободува за злоделата кои ги имаат ннаправено и секој ќе одговара за она што го има направено. Правдата е најважна за сите нас.“ - изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешени работи.

Според таткото на Филиповски ножот со кој бил извршен нападот се уште не бил пронајден па затоа двајцата браќа се на слобода од обвинителството пак велат дека такви информации не смеат да даваат.

„И се прашувам како може по допрен глас да може да се поведе постапка и да се истера некое дело да се дојде до вистината, а тука имаме двајца осомничени и од нив се земени изјави и пуштени на слобода. Ножот го немало, па не се будали да го остават. Верувам во институциите дека има методи и начини како да се испита случајот.“ - вели таткото на Филип.

Цветковски, пак, тврди дека и неговите синови биле повредени во инцидентот, но во полицискиот билтен пак беше наведено дека повреден е Филип Филиповски кој бил пренесен на операција, а двајцата браќа Цветковски приведени. Сведоци на инцидентот за телевизија 24 го опишаа настанот. Повредениот Филиповски се уште е на скопските клиники, во операцијата извадени му се слезината и бубрегот, а неговата здравствена состојба е стабилна.

0 Коментари

Остави коментари