Татјана Ранташа се претставува со џез фотографии во белградскиот „Дом на млади“
Foto

Татјана Ранташа се претставува со џез фотографии во белградскиот „Дом на млади“

35 црно-бели фотографии од македонската фотографка, Татјана Ранташа на 24 ноември ќе бидат изложени во главниот хол во Домот на младите во Белград. Изложбата е насловена „Џезтетика“, а ја организира здружението „Номад-Арт Скопје“.

Таа се состои од фотографии од различни генерации македонски музичари, на кои Ранташа работела во изминатите 15 години. Ќе се изложат фотографии од музичарите Влатко Стефановски, Џијан Емин, Георги Шаревски, Кирил Кузманов, Тони Китановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и други.

Во рамките на изложбата свој настап ќе имаат и „Гоце Стевковски квинтет“.

0 Коментари

Остави коментари