Таравари: Зад протестите за депонијата Русино се вмеша политиката и се бара инцидент по секоја цена
Foto

Таравари: Зад протестите за депонијата Русино се вмеша политиката и се бара инцидент по секоја цена

Политички партии, чија крајна цел е да предизвикаат инцидент во Гостивар ги наговараат лицата кои протестираат и ја блокираат депонијата Русино да предизвикаат инциденти. Обвинувањата ги искажа градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари во одговрите на прашањата поврзани со последните случувања и како ќе се решава проблемот со депонирањето на смет кој се собира во општина Гостивар. 

Откако е спуштена рампата и се постави жив штит, на локалниот пат до депонијата Русино не е пропуштено ниту едно возило да истовари смет.

Од граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар” во неколку наврати ја отфрлија политичката заднина и поддршка. Тие и вчера нагласија дека нема да отстапат од барањата: поставување на безбедносни камери, дежурна служба и редовно затрупување со земја за да се спречат пожари.

0 Коментари

Остави коментари