Танасоски: Уредбата за увоз на возила засега не се менува, забелешките ќе се анализираат
Foto

Танасоски: Уредбата за увоз на возила засега не се менува, забелешките ќе се анализираат

Уредбата за увоз на автомобили која стапи во сила од 1 јануари годинава и предвидува посебен данок за возилата врз основа на еколошка компонента, засега нема да се менува.

Директорот на царинската управа Ѓоко Танасоски вели дека се отворени за забелешки, но оти е рано за промена и треба да се почекаат резултатите. Увозниците на половни автомобили денеска повторно протестираа поради високите даноци.

0 Коментари

Остави коментари