СЗО: Во минатите 24 часа со коронавирусот се заразиле 427.000 луѓе во светот
Foto

СЗО: Во минатите 24 часа со коронавирусот се заразиле 427.000 луѓе во светот

Светската здравствена организација (СЗО) вечерва соопшти дека во изминатите 24 часа повеќе од 427.000 луѓе во светот се разболеле од Ковид-19, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата надмина 112,64 милиони.

Вкупно 2.501.229 пациенти починале од почетокот на пандемијата.

Бројот на пациенти денеска е најголем во Северна и Јужна Америка (183.039 случаи), што е 42 проценти од вкупниот број, додека во Европа се регистрирани 172.843 нови случаи.

0 Коментари

Остави коментари