СЗО: Светот е среќен што има толку кандидати за изработка на вакцина
Foto

СЗО: Светот е среќен што има толку кандидати за изработка на вакцина

Светската здравствена организација сооопшти дека светот е среќен што има многу експериментални вакцини за Ковид-19, што се потврдува со фактот дека во моментов се спроведуваат повеќе од 150 рани фази на тестирањата.

На крајот на дводневната истражувачка средба се посочи дека 17 институти и истражувачки центри што се обидуваат да изнајдат вакцина веќе се во фаза на тестирања врз луѓето и дека дел од нив до крајот на годината се очекува да бидат потврдени како ефикасни, иако се уште е далеку датумот за производство на лиценцирана вакцина.

-Ние сме многу охрабрени од напредокот на овие кандидати за вакцини и ги очекуваме резултатите, рече експертката за вакцинирање во СЗО, Ана Марија Енао Рестрапо, пренесуваат американските медиуми.

Таа додаде дека се очекува масовно тестирање на неколку експериментални вакцини, вклучувајќи ги и оние на Универзитетот Оксфорд и компанијата АстраЗенека, со кои треба да се обезбедат податоци за нивната ефикасност.

0 Коментари

Остави коментари