СЗО препорачува носење маски на јавни места
Foto

СЗО препорачува носење маски на јавни места

Светската здравствена организација ги прошири препораките за користење маски за време на пандемијата со коронавирусот и препорачува дека тие треба да се носат кога социјалната дистанца не е возможна.

Според првиот човек на СЗО, луѓето над 60 години, или граѓани со хронични заболувања, треба да носат маски во сите ситуации каде не е можно да одржуваат физичка дистанца. Од организацијата претходно препорачуваа маски да носат само здравствени работници, луѓе заболени од ковид-19 и лица кои се грижат за заболените од вирусот.

0 Коментари

Остави коментари