СЗО: Некои земји се „на опасен пат“ во борбата со ковид 19
Foto

СЗО: Некои земји се „на опасен пат“ во борбата со ковид 19

Светската здравствена организација соопшти дека работи на изработка на упатства за употреба на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со ковид-19, кои треба да бидат објавени за три до четири недели.

Соединетите американски држави издадоа целосно одобрување за употреба на „ремдесивир“ за третман на пациенти со ковид-19. 

Следните неколку месеци ќе бидат особено тешки кога станува збор за пандемијата, рече генералниот директор на сзо тедрос гебрејезус. Тој предупреди дека  ова е критичен момент, особено во северната хемисфера. Посочи дека следните неколку месеци ќе бидат многу тешки и дека некои земји се „на опасен пат“. Тој ги повика лидерите на земјите да преземат итни чекори со цел да се спречи натамошно влошување.

0 Коментари

Остави коментари