Светските лидери и донатори ветија 8,8 милијарди долари за програмите за вакцинирање во најсиромашните земји
Foto

Светските лидери и донатори ветија 8,8 милијарди долари за програмите за вакцинирање во најсиромашните земји

Лидерите на најразвиените земји и светски познатите донатори, како „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“, ветија дека ќе обезбедат  8,8 милијарди долари за програмите за вакцинација во најсиромашните земји во светот, пренесуваат француските медиуми.

Посочените 8,8 милијарди американски долари беа ветени на виртуелниот самит на „Вакцина Алијанса“ (Vaccine Alliance), на која присуствуваа повеќе од 50 земји, претставени со повеќе од 35 шефови на држави и влади, и сумата е далеку над очекуваните 7,4 милијарди американски долари што треба да се обезбедат во следните пет години, пренесува Хина.

Средствата ќе бидат искористени за продолжување на меѓународната кампања за вакцинирање против сипаници, детска парализа и тифусна треска, што сега е сериозно нарушена од епидемијата на Ковид- 19.

На состанокот требаше да се упатат и повици за финансирање на купувањето и производството на можната идна вакцина за Ковид-19 и поддршка на нејзината дистрибуција низ земјите во развој.

Меѓународната организација „Вакцина Алијанса“  сака да обезбеди еднаков пристап до вакцините преку јавно-приватно партнерство, за што планира да собере две милијарди американски долари.

На вчерашниот самит 12 донатори собраа почетен капитал од вкупно 567 милиони американски долари токму за оваа намена, се вели во соопштението за печатот.

На конференцијата на донатори домаќин беше британскиот премиер Борис Џонсон, кој ја пофали одлуката за „уникатниот настап“ што ќе го „отвори патот за меѓународна соработка“ и решеност да се најде вакцина за новиот коронавирус.

0 Коментари

Остави коментари