Светскиот совет за мото-спортови со промени во Формула 1
Foto

Светскиот совет за мото-спортови со промени во Формула 1

Кризата од коронавирусот го принуди светскиот совет за мото-спортови да донесе неколку промени за иднината на Формула 1. 

Главната е дека новите технички правила кои требаше да се применуваат од 2021 година, ќе стапат на сила во 2022. Ова значи и воведување забрана за аеродинамичен развој на новите болиди согласно промените за 2022 година. Сменето е и правилото за гласање на нови правила во спортската регулатива. 

Наместо согласност од сите тимови како досега, сега доволни ќе бидат гласовите на само 60 посто од екипите. 

ФИА доби и комплетна слобода за евентуална промена на календарот без притоа да ги консултира клубовите. Ова најмногу се однесува на фактот дека првите осум трки од новата сезона се веќе одложени поради Ковид-19.

0 Коментари

Остави коментари