Светски познатата виолинистката Ванеса Меј ќе го отвори „Охридско лето" на 12 јули
Foto

Светски познатата виолинистката Ванеса Меј ќе го отвори „Охридско лето" на 12 јули

Светски славната виолинистка Ванеса Меј ќе го отвори 59тото издание на реномираниот фестивал Охридско лето на 12 јули на Атеатар во Охрид. Директорката и двајцата селектори најавија богата фестивалска програма и гостување на еминентни уметници од 12јули до 20 август.

И оваа година ќе има полска вечер, италијанска вечер, вечер на Финска која е претседавач на ЕУ, Украинска вечер и други. Затворањето на музичкиот дел на 19-ти август ќе биде во знакот на  jубилејот, 85 години од  раѓањето на македонскиот композитор, Томислав Зографски, на кој ќе настапат учесници на македонски уметници, докажани и етаблирани во својата професија велат организаторите.

0 Коментари

Остави коментари